СЛОВЕНЦИТЕ ПРИМЕР ЗА ДРУГИТЕ: Кај нив се „топи“ и онака ниската невработеност
Словенците бележат добри резултати во намалувањето на невработеноста.
Невработеноста во оваа земја се „стопи“ на рекордни 4,2 проценти.
Овие податоци се за вториот квартал годинава. Тоа е намалување од 0,6 проценти во однос на претходниот квартал, додека има намалување за дури 1 процент во однос на истиот период лани.
Бројот на вработени е 991.000, додека бројот на невработени изнесува 43.000 и е скоро ист како и пред 11 години.
Агенцијата за статистика на Словенија, пресмета дека најниската стапка на невработеност досега забележана во земјата е регистрирана во третиот квартал на 2008 година, кога изнесуваше 4,1 проценти. Пред три години во Словенија имаше 8.1 проценти невработени.
Читајте уште
Слично
