Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОВЕНЦИТЕ НА ГОТОВС: Moжно е пак да прогласат епидемија

СЛОВЕНЦИТЕ НА ГОТОВС: Moжно е пак да прогласат епидемија

Словенија не ја исклучува можноста од ново прогласување епидемија. 

Минатата седмица во Словенија, која има два милиони жители, заразата со коронавирусот е потврдена кај 920 лица, што е за 199 заболени повеќе од седмицата претходно, според податоците од министерството за здравство.

Во последните 24 има 39 случаи на заразени со коронавирусот, но владата предупредува на сериозноста на епидемиолошката ситуација и се подготвува и за можно  влошување.

Ова го потврди денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, изјавувајќи за новинарите дека и последните податоци покажуваат дека ситуацијата и натаму е драматична. 

Заразата со коронавирусот најмногу се шири во домовите за стари лица, во болниците, во училиштата. 

Слично

Поврзани вести