СЛОВЕНЦИТЕ КУКААТ: Никогаш не било поскапо на хрватскиот брег
Летувањето на хрватскиот брег оваа година ќе биде значајно поскапо отколку лани, пишува словенско Дело.
Набројуваат сезонско поскапување на патарини од 10 отсто, како и траекти, и до пат пати поголеми надоместоци за сопственици на бродови, скапи хотели и ресторани. „Тоа се само некои од бројните зголемувања на цените“, истакнува словенечки дневник, пренесува Tportal.
Посебен акцент ставиле на наутичкиот туризам. Пишуваат како Хрватска е една од најпопуларните дестинации за милиони европски љубители на глисери и јахти. Силен раст на наутичарите резултирал со раст на цената на пристаништето во хрватските марини.
„Поради скапите пристаништа и други надоместоци, сопствениците на бродови размислуваат за одмор во некои други медитерански земји“, наведува Дело.
Најмногу прашина кренало драстичното зголемување на таксата за престојување за сопственици или корисници на пловила, и тоа за дури пет пати. Меѓутоа, Дело пишува дека менаџерите на марини не очекуваат дека јахташите поради тоа ќе ги напуштат хрватските марини.
