Словенците бараат работници - ова се платите кои ги нудат...
Се бараат десет возачи за во Љубљана со најмалку половина година работно искуство.
Станува збор за вработување од една година, со два месеци пробно работење. Информацијата дека се бараат возачи е објавена на веб сајтот на Националната служба за вработување во Србија
Се работи по осум часа дневно, а платата е 1.003,95 бруто. Возачите во „Пошта Словенија“ ќе работат во три смени.
За храна се исплаќаат по 6 евра дневно, а за патни трошоци се покриваат 95% од автобускиот билет.
Се бараат и шест поштари за бруто плата од 955,89 евра.
Плус ќе бидат ангажирани и 40 помошни работници. За нив е предвидена бруто плата од 786,41 евра.
Слично
