Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенците бараат извинување и отштета од Русите за уништениот конзулат во Харков

Словенците бараат извинување и отштета од Русите за уништениот конзулат во Харков

Словенија бара отштета од Русија за уништениот конзулат во градот Харков во Украина. 

Министерството за надворешни работи на Словенија денеска повторно го повика на разговор рускиот амбасадор Тимур Ејвазов, на кого државниот секретар Гаспер Довзан му врачи протестна нота со барање за извинување и оштета, соопшти словенечкото МНР.  Словенија најостро го осудува недозволивиот чин и воената агресија на Руската Федерација врз суверена држава, соопшти Министерството, по повод рускиот напад врз Украина и продолжувањето на нападите врз украинските градови. Словенечките власти наведуваат дека ова е грубо кршење на меѓународното право и човековите права, а уништувањето на цивилни цели е воено злосторство.

Во нападот кој е извршен вчера е уништена административната зграда на централниот плоштад каде што се наоѓаше словенечкиот конзулат. Почесниот конзул Анатолиј Бондаренко не е повреден во нападот. 

Слично

Поврзани вести