Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенци кои биле во Намибија се вратија дома заразени со јужноафриканскиот сој

Словенци кои биле во Намибија се вратија дома заразени со јужноафриканскиот сој

Јужноафриканскиот сој на коронавирус стигна во Словенија. 

Првиот случај на зараза со јужноафриканскиот вид на коронавирус е потврден во Словенија, изјави вчера словенечкиот министер за здравство, Јанез Поклукар. Станува збор за лекар од Марибор, вработен во тамошниот Клинички центар, кој минатата недела престојувал во Намибија со уште неколку лица од Словенија. Лекарот во понеделникот бил на работа. 

„Заразени се уште две лица кои биле со него во Африка, веројатно со истата варијанта на вирусот, а уште неколку лица кои биле во контакт со нив биле испратени во карантин“, објасни Поклукар.

Епидемиолошката служба гарантира дека сите ризични контакти се во карантин, пренесе Хина. Словенечкото Министерство за надворешни работи ги предупреди граѓаните дека да не одат на ризични патувања во странство, а постои сомневање дека поголем број на заразени на западот на Словенија се поврзани со британскиот вид кој се шири таму од Италија. 

Во Словенија од коронавирусот починаа повеќе од 3.800 луѓе.

Слично

Поврзани вести