Словак заработи притвор, снимал голи деца на плажа во Истра со спај-камера
Полицијата уапси 41-годишен словачки државјанин под сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на деца за порнографија, објави денеска полициската управа на Истра, пренесува Вечерњи.
Откако туристот беше уапсен кај местото Бује, полицајците му го конфискуваа дигиталниот уред кој личел на клуч од автомобил, т.н. спај-камера со кој снимил деца, како и мобилниот телефон. По претресите биле пронајдени фотографии со инкриминирачка содржина.
Откако истрагата била завршена на 6 август вечерта, осомничениот бил однесен во притворската единица на локалната полициска управа.
Слично
