Словачки билборди – засолништа за бездомниците
Словачката компанијата ,,Design develop" на креативен начин ќе придонесува кон решавање на глобалниот проблем со бездомниците.
Таа гради билборди, кои од надворешната страна има рекламен простор, а внатре се крие добро уреден дом за живеење, наменет за бездомниците.
Во овој алтернативен станбен простор има ходник, кујна, кревет и тоалет со туш кабина.
Билбордите се скапи за поставување и одржување, а доколку овој пилот проект покаже добри резултати се очекува овие билборди да се постават низ цела Словачка.
Слично
