Словачка го укинува приватното здравствено осигурување
Словачка се враќа на единствениот национален систем на здравствено осигурување и ќе ги национализира двете приватни осигурителни компании, дури ако биде потребно и против нивната волја, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
Централно-левичарската влада планира да го промени одлуката усвоена кога поранешна комунистичка земја стекна независност 1993-та, а тоа е потег за кој дел од Словаците сметаат дека е чекор наназад. „Владата на чие чело сум јас, ја отфрла идејата за приватни здравствени осигурителни компании кои профитираат од земање на јавните пари, а потоа нив ги користат за сопствен луксуз", изјави Фицо пред новинарите, додавајќи дека единствениот осигурителен систем ќе се воведе до 2014 година.
„Ние веруваме дека тоа ќе биде многу поефикасно бидејќи државните пари нема да одат во приватните џебови на сопствениците на осигурителни компании", рече тој.
Слично
