Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словачка, Бугарија, Унгарија и Романија градат гасовод

Словачка, Бугарија, Унгарија и Романија градат гасовод

Словачка, Бугарија, Унгарија и Романија во текот на самитот на Источното партнерство во Рига, потпишаа декларација за изградба на нов гасовод Истринг (Eastring), објавено е на сајтот на гаснотранспортниот систем (GTS) Словачка Јустрим (Eustrim).

Капацитетот на гасоводот, чие покренување е планирано за во 2018 г. би требало да биде од 20 до 40 милијарди кубни метри гас годишно. Новиот гасовод би одел од словачко-украинската граница, преку Унгарија, Романија и Бугарија до границата на Турција со Бугарија или Грција, објавија неодамна Риа новости.

„Компанијата Јустрим го поздравува потпишувањето на декларацијата за поддршка на заедничките напори на четирите клучни земји да ги диверсификуваат изворите и маршутите на испорака на природен гас. Документот кој во Рига го потпишаа министрите за надворешни работи на Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка прокламира неопходност за обезбедување на стабилни и сигурни испораки на гас во централна и источна Европа“, се наведува во соопштението кое го пренесува рускиот сајт Noi.md.ru.

Една од предностите на тој проект е тоа што може да ја користи постоечката инфраструктура на Јустрим, која целосно е обновена после кризата во 2009 година.

Можниот извор на гас би биле Азербејџан, Туркменистан, Ирак, Кипар и Русија. Должината на цевководот, зависно од проектот, ќе биде од 744 до 1051 километар.

Процената на вредноста за првата фаза од проектот е 1,3 милијади евра.

Слично

Поврзани вести