Слободумните патриоти бараат власта да престане со притисокот врз Јанева
Власта и провладините медиуми да престанат со напади и притисокот врз Специјалното јавно обвинителство и обвинителката Катица Јанева, порачаа денеска од Форумот на слободоумни патриоти.
Од оваа иницијатива укажуваат на причините поради кои е формирано СЈО притоа му укжуваат на раководството на Власта дека со нивен благослов беше донесен законот за СЈО и се случи изборот на обвинителката Катица Јанева, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството на пратеници во Собранието на Република Македонија.
Во сооппштението тие велат:
„Оваа институција е формирана како последица на извештајот на ЕУ експертската група предводена од Рајнхард Прибе во кој беа нотирани клучните аномалии во македонското општество, кои се последица на десетгодишното немилосрдно владеење на оваа структура. Притоа, сакаме да поменеме дека изборот на обвинителката Катица Јанева беше со консензус од сите политички партии учесници во процесот“.
