Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слободоумните патриоти бараат неотповиклива оставка од Груевски

Слободоумните патриоти бараат неотповиклива оставка од Груевски

Форумот на слободоумни патриоти преку соопштение упати неколку барања до претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и до извршниот  комитет на партијата.

Бараат веднаш да се почне со подготовка на вонреден конгрес, во кој во организација и како делегати нема да ги изоставите истакнатите членови од основачите на партијата, истакнатите членови од Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ, како и преставници на Форумот. Конгресот да се организира што е можно побрзо, а најдоцна до 10 мај, со единствена цел да бидат избрани тела и органи на партијата во кои ќе членуваат неискомпромитирани и политички недевалвирани истакнати членови на ВМРО ДПМНЕ.

„Поради нарушениот политички кредибилитет, етички норми на однесување и заради загрозување на интересите на партијата, а со тоа и на државата, претседателот на партијата Никола Груевски, веднаш да си поднесе оставка на функцијата, без право на повторен реизбор. Исто така членовите на Извршниот комитет, веднаш да депонираат оставки. Сакаме да ги повикаме членовите на нашата партија ВМРО ДПМНЕ на единство како никогаш до сега, а се со цел партијата конечно да се постави на здрави основи и да се врати идеолошкиот предзнак. Со вакво компромитирано раководство, политичка изолација од надворешните фактори, како и девалвирање на името и целокупните заложби на партијата, не можеме да се надеваме на изборна победа на наредните парламентарни избори. Од тие причини го повикуваме и претседателот на партијата во овие тешки моменти за партијата и државата, да заборави на своите лични интереси и да се стави во функција на идеолошката борба и доброто на партијата и државата“- наведуваат во соопштението.

Го повикуваат Груевски да поднесе неотповиклива оставка и да го повика членството на единство во пресрет на вонредниот конгрес, кој треба да се одржи пред идните парламентарни избори.

Слично

Поврзани вести