Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОБОДНИ ЗДРАВСТВЕНИ ЗОНИ: Македонија ќе привлекува странски инвеститори во здравството

СЛОБОДНИ ЗДРАВСТВЕНИ ЗОНИ: Македонија ќе привлекува странски инвеститори во здравството

Македонија ќе ги привлекува странските инвеститори да инвестираат во областа на здравството. Со законот за слободни здравствени зони ќе се привлекуваат странците да градат клинички центри, болници и медицински факултети во земјава.

Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски кој убедува дека овие здравствени инвестиции нема да бидат нелојална конкуренција на останатите приватни здравствени установи во Македонија.

Со новите мерки Владата предвидува да се изедначат цените на домашните и странските пациенти. Освен инвестицијата, со мерките ќе се стимулираат да доаѓаат и странски специјалисти да работат во македонските болници.

Согласно законот, инвеститорите ќе бидат ослободени десет години од плаќање данок на добивка, персонален данок на доход, како и од сите давачки за набавка на опрема, апарати, помошен медицински материјал и медицински помагала.

Слично

Поврзани вести