Слободни работни места во Хрватска колку и во Австрија
Стапката на слободни работни места во Хрватска скокнала во првото тромесечие на 1,9 посто, највисоко ниво од влегувањето во Европската унија, покажа извештајот на Евростат.
Од јануари до март сезонски неприлагодени стапка на слободни работни места во Хрватска се искачи на 1,9 отсто, во претходниот квартал изнесуваla 0,7 отсто, додека во истиот период минатата година од 1,4 отсто.
Стапката го искажува учеството на слободни работни места во вкупниот број на работни места и укажуваа на усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Повисоката стапка сигнализира непокриена побарувачка, а пониската подобра координација на понудата и побарувачката.
Хрватска во првото овогодишно тромесечие според расположливите податоци на Евростат се изедначила со Австрија по стапката на слободни работни места, а е близу до просекот во ЕУ и еврозоната, кој изнесувал 1,8 односно 1,7 посто и е повисок за по 0,1 постотен бод отколку во претходното тромесечие. Воедно е на највисоко ниво откако во првото тромесечие на 210 година почна да се следи тој показател. На ниво на просекот на ЕУ во првото тромесечие биле Холандија и Словенија со стапка на слободни работни места од 1,8 посто.
Највисока стапка на слободни работни места меѓу земјите на ЕУ бележи Белгија, од 2,6 посто. Следи Чешка, Германија и Шведска со по 2,5 посто.
Најниска стапка на слободни работни места бележи Грција од 0,2 посто во четвртото тромесечие на 2015 а следат Шпанија и Португалија со по 0,7 посто и Полска со 0,8 посто.
По сектори, највисока стапка на слободни работни места во првото тромесечие на ниво на ЕУ и еврозоната повторно бележи услужниот сектор, 2,1 односно 2,0 посто. Во индустрискиот и градежен сектор изнсувала и во ЕУ и во еврозоната 1,4 посто .
