Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА: Освен скопскиот, во кој друг регион има најмногу работа?

СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА: Освен скопскиот, во кој друг регион има најмногу работа?

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.40%.

Тоа се 1125 слободни работни места, додека во вардарскиот регион има 662 слободни работни места, во источен 793, југозападен 596, југоисточен 348, полошки 319, североисточен 113, а скопскиот регион има 3914 слободни работни места. 

Константно едни исти региони имаат голем број на слободни работни места, а другите се со помал број. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2017 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.60%.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.47% има секторот aдминистративни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот jавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување каде што изнесува 0.02%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.13%.

Најголем број на слободни работни места, односно 2 357, има во петтата група на занимања, работници во  услужни дејности и продажба.

Слично

Поврзани вести