Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА: Колку и каде ги има во Македонија?

СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА: Колку и каде ги има во Македонија?

Во земјава има 7 199 слободни работни места. 

По региони гледано, во Вардарскиот има 446 слободни работни места, 357 во Источен, 693 во Југозападен, 632 во Југоисточен, 1 006 во Пелагонискиот, 306 во Полошкиот, 180 во Североисточниот, 3 581 во Скопскиот. 

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во второто тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.44 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот З - Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2.59 %, додека најмала е стапката во секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.24 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1.93 %. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.05 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 794, има во петтата група занимања - Работници во услужни дејности и продажба.

Слично

Поврзани вести