Слободни работни места има - во кои сектори?
Во третото тримесечје од 2016 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.27%.
Ова е наведено во соопштение на Државниот завод за статистика објавено денеска.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот административни и помошни услужни дејности и изнесува 2.72%, додека најмала е стапката во секторот снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, кај кои изнесува 0.21%. Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.74%. Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.09%. Најголем број слободни работни места, односно 1729, има во петтата група на занимања работници во услужни дејности и продажба.
Во сектор трговија на големо и мало имало 1033 слободни места, а во преработувачка индустрија 2134 места. Во транспорт 602 места, а во градежништво 439 слободни работни места.
