Слободни медиуми се клучот за фер и демократски избори
За да има фер избори, неопходни се објективни и непристрасни медиуми кои нема да им бидат слуги на политички и бизнис интереси ,туку ќе го бранат јавниот интерес и ќе го почитуваат етичкиот кодекс– Ова е еден од главните заклучоци кои беа донесени на денешната конференција „Новинарска етика и медиумски вредности во специфични околности и за време на избори”.
Настанот го отвори амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав кој порача дека слободата на медиумите е од особена важност во предизборието и решавањето на политичката криза.
„Тоа опфаќа правично и избалансирано известување со кое ќе може да се обезбеди рамноправна положба на сите политички играчи на политичкиот пазар. Исто така улога има и државата која мора да обезбеди дека новинарите ќе работат во безбедна средина. Законите против клевета и другите закони не треба да се користат за да се врши цензура врз критиката и за да се лимитира јавната дебата” – порача амбасадорот Орав.
За медумите активно да вклучат во обездбедувањето фер избори , Советот за етика во медумите во Македонија препорача ,сите медиумски актери да потпишат заеднички договор или конвенција за професионални стандарди и етиката во известувањето за време на избори.
Според директорот на Советот, Мирче Адамчевски со овој документ би се подигнало нивото етиката во медиумите, која според него е неопходна за објективно и непристрасно известување.
„ Непристрасноста во новинарските текстови во Македонија е на многу ниско ниво. Во се поголем број од приказните недостига мислењето на другата страна, се почести се политичките нарачани текстови и маркетинг реклами. Со тоа е јасно дека медиумите се изложени на директна инструментализација од власта.”
Конференцијата ја организираа Македонскиот интитут за медиуми и Советот за етика во медиумите во Македонија, поддржани од Европската унија и УНЕСКО.
