Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОБОДНИ ЕКОНОМСКИ ЗОНИ: Каков е ефектот од големите инвестиции?

СЛОБОДНИ ЕКОНОМСКИ ЗОНИ: Каков е ефектот од големите инвестиции?
Влез на нови две странски инвестиции во слободните зони најави премиерот Никола Груевски. Едната е фирма од автомобилската индустрија, втората е италијанска компанија. Во двете ќе се вработат над 500 луѓе. Груевски истовремено смета дека би можечло наскоро да се реализира влез и на трета фирма. -Кап-кон“ ја отвора својата фабрика наскоро. Тоа е американска глобална компанија од автомобилската индустрија. Втората е всушност втората фабрика на италијанската „Технокозе“, четири пати поголема од првата која е во самиот финиш. Веќе започнаа некое пробно производство и наскоро ќе биде отворена оваа нова фабрика. Овие две фабрики ќе вработат најмалку 500-тини луѓе – изјави Груевски. Власта неодамна се пофали дека извозот од зоните постојано расте,  а тој тренд се очекува да продолжи и да го надмине рекордот од минатата година, кога извозот од зоните изнесуваше 1 милијарда и 170 милиони евра, што е за 52% повеќе во однос на 2013 година. А, според владините проценки, на среден рок, треба да се очекува извоз од околу 2 милијарди евра, при тоа е потенцирано дека извозот од  ТИРЗ во вкупниот извоз на Македонија веќе учествува со 31%. „Во споредба со минатата година имаме зголемување на извозот од околу 28%. Тоа е дури и малку над оние предвидувања кои ги имавме минатата година за оваа одина. Сите компании кои се веќе функционални, активно работат. Зголемен е бројот на нарачките кои тие ги имаат од нивните партнери во Европа и нормално, со започнување соработа на другите компании во зоните се надеваме дека тој број ќе расте од година во година. Можеби, неможе да се очекува секоја година да имаме зголемувањеод 20 или 30 % раст на извозот, но дури и зголемувањеод 10 % е голема контрибуција не само во вкупната трговска размена на Македонија, туку и во покриеноста на увозот со извозот, бидејќи ако се направи анализа на тие бројки во изминатите три до чертири години, покриеноста се зголемува, но и соработката со домашните компании“, рече неодамна за медиумите Виктор Мизо, директор на ДТИРЗ. Според универзитетскиот професор, Марјан Петрески, во привлекувањето странски фабрики во слободните економски зони посебен акцент се става на фирми со повисока технологија, што на краток рок оневозможува нивно позначајно поврзување со локалната економија, односно дел од нивните инпути да се снабдуваат на локалниот пазар од домашни фирми. „Оттука, точно е дека тие фирми значајно го подигнаа извозот, но истовремено голем дел од тој извоз е со увозна компонента. Затоа најправилно би било ако при оценка на ефектот од тие фирми се гледа на нето извозот, односно разликата меѓу извозот и увозот. Засега, додадената вредност (односно разликата) главно се сведува на додадената работна сила. Што се однесува до поволносите што им се овозможуваат на странските фабрики, дел од нив не се познати на јавноста, меѓутоа верувам дека за дел од нив може да се најде оправдување, затоа што без такви тригери странските фирми не би дошле да инвестираат тука. Дали она што ние го трошиме за странските фабрики во најширока смисла на зборот е поголемо од она што го добиваме како бенефит, ќе може да оценуваме само на долг рок, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески. Економистите велат дека овие податоци се очекувани, со оглед на тоа што странските фирми имаа обврска речиси целото своето производство да го пласираат на странски пазари, но во исто време посочуваат и дека истите тие компании реализираат и увоз на материјали и машини потребни за работа. “Точно е дека извозот на Македонија е во пораст, но речиси со приближна динамика расте и увозот. Имено ние сеуште имаме состојба во која на речси си два увезени долари, имеме еден долар извоз. Ова значи дека дефицитот на трговската сметка или бавно или воопшто не се намалува. Точно е дека извозот од Слободните зони расте, тие впрочем се извозно ориентирани и обврзани, но никој не кажува колку тие фирми реализирале увоз за да се видат вистинските ефекти од нивното работење. Ако се анализираат увозните ставки, ќе се воочи голем пораст кај увозот на платина и на катализатори со платина, на пример, кои се потребни за работа на дел од странските фирми, а тоа се многу скапи елементи, материјали.“, вели универзитетскиот прфесор и еден од поранешните министри за финансии Никола Поповски. Во зоните работат над 10 илјади луѓе. Проблематично е што владината поддршка во економските зони се реализира нетранспарентно, се користат  различни буџетски ставки поради што е особено тешко да се утврди колку пари досега се потрошени за овие странски инвеститори, сметаат аналитичарите
Слично

Поврзани вести