Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слободата на обвинетите од „Титаник” неизвесна

Слободата на обвинетите од „Титаник” неизвесна

Откако по распитот на обвинетите функционери од акцијата „Титаник” кои се товарат за изборни измами, не им беше одредена мерка притвор, специјалното јавно обвинителтво поднесе жалби до Кривичниот Совет.

Сега, тие имаат 48 часа да одговорат дали осомничените ќе бидат лишени од слобода.

Меѓу нив се и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и поранешниот генерален секретар на Влада, Кирил Божиновски.

Сите тие се товарат за злосторничко здружување кое имало за цел да обезбеди опстојување на власт на политичка партија.

Ако и Кривичниот совет ги отфрли жалбите, тогаш специјалните обвинители имаат право повторно да побараат притвор за осомничените кога ќе соберат нови докази. Во меѓувреме, СЈО најави дека продолжува со истрагата, a најавувајќи ги жалбите на социјалните мрежи истакнаа дека Кривичниот Суд во Скопје засега пропуштил да се запише во историјата на Република Македонија

Слично

Поврзани вести