Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слободанка Гиевска најави тужба и бара извинување од Петре Шилегов

Слободанка Гиевска најави тужба и бара извинување од Петре Шилегов

Слободанка Гиевска, ќерката на претседателката на Уставниот суд Елена Гошева најави тужба за навреда и клевета против портапаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Таа преку реакција до медиумите реагира доставувајќи демант за како што тврди лажните искази кои беа изнесени од страна на Шилегов и од него побара јавно извинување за како што вели невистините кои се однесуваат на неа и нејзиното семејство.

Шилегов на прес конференцијата во име на опозицијата  ги обвини Гиевска и нејзината мајка дека биле наградувани со позиции од државата и ВМРО ДПМНЕ, а Гиевска за изборни манипулации при студентските избори во 2002 година.

„Во врска со овие обвинувања сакам да ја известам јавноста дека во текот на мојата професионална кариера сите позиции сум ги извршувала максимално одговорно и професионално, согласно уставот и законите и на ниту една позиција не сум била назначена како партиски кадар, туку како професионалец во својата област. Во исто време, одговорно тврдам дека никогаш ниту сум учествувала во некакви изборни измами, ниту некому сум вршела притисоци на студентски или било какви други избори, а уште помалку сум работела на уривање на уставниот поредок и на правната држава.

Ваквите паушални обвинувања и неаргументирани констатации очигледно дека немаат никаква друга цел освен да го нарушат мојот углед и да го дискредитираат моето семејство, за цели кои се строго партиски или приватни за СДСМ или Петре Шилегов“, стои во демантот на Гиевска.

Слично

Поврзани вести