Економија, финансии, бизнис

Контакт

Следува поскапување на парно греењето? Уште една фирма-ќерка на ЕСМ побара повисоки цени

Следува поскапување на парно греењето? Уште една фирма-ќерка на ЕСМ побара повисоки цени

По ЕСМ Дистрибуција, уште една фирма-ќерка на ЕСМ побара зголемување на цената на парно загревањето на скопјани преку прикажување на повисоки трошоци пред Регулаторната комисија за енергетика.

„ЕСМ Производство на топлина“ поднеле барање за покачување на цената на парното и топлинската енергија за 20 отсто, оправдувајќи го ваквото барање со зголемените трошоци за набавка на гориво.

Вчера беше објавено дека „ЕСМ Дистрибуција на топлина“ до Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање за зголемување на трошокот за гориво за 2024 година за 12,92 отсто. 

Барањето за зголемување на цената на услугата се однесува на потребата од покривање на зголемените трошоци за набавка на гориво, што директно влијае на цената на производството на топлинската енергија.

Од ЕСМ нагласуваат дека ова покачување е неопходно за да се одржи стабилноста на снабдувањето со топлина и за да се обезбеди континуирана услуга за потрошувачите.

Според досегашните пресметки на регулаторите, со ваквите барања на компаниите за парно на ЕСМ, греењето би поскапело за 10 до 11 отсто.

Регулаторната комисија сега треба да одлучи дали ќе го одобри ова барање и каква ќе биде финалната одлука во однос на цената на парното греење.


Слично

Поврзани вести