Следното рочиште за „Ровер“ на 8 април
Се одложи случајот „Ровер“, во кој екс министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски се товари за помагање убиство во 2001 година.
Следното рочиште за овој судски процес е закажано за 8 април. Уште една главна расправа е одложена поради немање услови за одржување на рочиштето. Еден од судиите во процесот не дојде поради здравствени причини, поради што судијата Илија Трпков уште утрото побарал од затворот „Идризово“ да не биде спроведен Бошкоски.
Ова е трето по ред судење за случајот „Ровер“, откако Апелација го врати двапати предметот на повторно судење.
Одбраната на Бошкоски уште на почетокот на третото повторено судење, бараше Специјалното јавно обвинителство да го преземе предметот.
Со пресудата на Кривичниот суд, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор.
Вук Вукичевиќ е осуден на 15 години затвор, а Бошкоски доби затвор од 10 години и шест месеци. Првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски, доби осум години и шест месеци, а по седум години добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ. На пет години и шест месеци се осудени Гоце Митревски и Никола Негриевски. Обвинетите се товарат за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев кое се случи во Скопје во јули 2001 година.
Слично
