Следната недела се пушта во употреба голема инвестиција
Автопатот Миладиновци - Штип ќе биде пуштен во употреба следната недела, а за таа намена ќе има свечено отворање чиј краен рок мора да се запази, бидејќи законски нема да биде возможно понатаму поради претседателските избори.
Информацијата ја потврдија од Јавното претпријатие Државни патишта. Патот се користеше и досега иако без негово официјално пуштање во употреба. Целосно докомплетирање на патот се очекува во мај.
До декември по новиот автопат ќе се вози без пари, а до тогаш треба да бидат пуштени во употреба двата наплатни пункта за патарина.
Слично
