Економија, финансии, бизнис

Контакт

Следната година 20 милиони евра за дигитализација и воведување на регистар на цени кај тендерите

Следната година 20 милиони евра за дигитализација и воведување на регистар на цени кај тендерите

Љупчо Николовски, вицепремиерот за корупција, денеска на брифингот со новинарите најави дека следната година ќе се дигитализираат централните институции со 20 милиони евра. Тој рече дека само така може да функционира државата и дека ако треба ќе бара ребаланс на буџетот по првите три месеци во 2022 само да се најдат пари за овој процес.

Во оваа сума ќе влегуваа купувањето на хардвер, софтвер, лиценци и податочен центар, а ќе се формира и агенција за дигитализација.

- Повеќето институции се уште работат само со хартија. Да го земеме примерот со автобусот кој доживеа трагична несреќа во Бугарија. Со дигитализацијата, лесно ќе се видеше дали има сертификат и лиценца. По тоа се гледа колку се неповрзани институциите, изјави Николовски.

Вицепремиерот најави и регистар на цени во првата половина на 2022, за да нема тендери за јавни набавки во кои еден ист производ, односно услуга, се купува по различни цени.

- Модулите се завршени за 11 типа на услуги. Веќе се консултираме со стопанските комори. Знаеме дека корупцијата започнува од техничките спецификации. Сега тие ќе бидат готови и унифицирани. Ако сака некој да купи завеси, ќе се знае какви ќе бидат нивните цени, рече тој.

А.К.

Слично

Поврзани вести