Следете ја во живо конференцијата на ЕБРД во Лондон
Сите балкански премиери, меѓу нив и премиерот Никола Груевски денеска учествуваат на конференцијата „Инвестирање во Западен Балкан“, што се одржува во лондон, во организација на Европската банка за обнова и развој.
Учесниците на конференцијата се очекува да дискутираат за диверзификација на енергија во Западен Балкан, улогата на новите извори и патишта за снабдување, инфраструкура во услови на рестриктиен буџет и улогата на приватниот сектор како и можностите за трговска интеграција на регионот.
Груевски пред присутните ги презентира стратешките инфраструктурни проекти на Владата во сферата на патната инфраструктура, изградбата на Коридорите 8 и 10, инвестициите во енергетиката, железницата и посветеноста кон привлекување инвестиции како механизам за обезбедување економски напредок на државата и перспектива за развој на регионот.
Утринската сесија на конференцијата можете да ја следите на следниот ЛИНК
Слично
