Слави Трифонов: Ќе направам се за да се формира влада со првиот мандат
Како што кажав, ќе направам се што е можно и се што зависи од мене да формирам влада што поскоро со првиот мандат. Затоа денеска ја прифатив поканата за средба упатена од победниците на изборите - „Продолжуваме со промената“. Ова го напиша Слави Трифонов на својот Фејсбук профил.
„Се сретнав со Кирил Петков и Асен Василев и ја изразив мојата целосна поддршка за формирање влада со нивниот мандат, директно им кажав дека ќе направам се што е можно, се разбира - се што зависи од мене и од „Има таков народ„ за да може да се реализира владата, да може парламентот да работи и народот да се смири“, пишува лидерот на „Има таков народ“.
Слично
