Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слави Трифонов е во изолација, има симптоми на коронавирус

Слави Трифонов е во изолација, има симптоми на коронавирус

Слави Трифонов, лидерот на партијата „Има таков народ“, вечерва на својот официјален профил на Фејсбук, на крајот од изборниот ден, напиша дека има симптоми на Ковид-19 и дека ги прави потребните истражувања и се изолирал.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на тоа што Трифонов го напиша на Фејсбук, „сега е важно тоа што се случи на изборите, а не симптомите“.

„Ако се прашувавте како изгледа суверен, еве како изгледа. Обично по изборите сите партии се прогласуваат за победници. Денеска победници сте вие! Вие ја баравте власта и промената е неизбежна“, напиша Трифонов.

Овој ТВ водител и шоумен, со денешниот изборен резултат на неговата партија, се јавува како клучен политички фактор во формирањето на идното владеачко мнозинство во бугарскиот Парламент.

Слично

Поврзани вести