Славески: Владата ги скуси пензиите со реформите
Со мартовската пензија има минимално зголемување на пензиите од 0,7% што на пензија од околу 15.000 денари е некаде околу 100 денари. Ако останеше старото законско решение усогласувањето требаше да биде 1,83 проценти односно пензионерите се закинати за повеќе од 1 процентен поен, рече Трајко Славески член на ИК на ВМРО ДПМНЕ на прес конференција. Според него, ова значи дека доколку оваа тенденција продолжи во текот на годината тие месечната пензија ќе ја примаат во помал износ од оној што можеше да биде со старото решение некаде од 300 до 700 денари.
„За волја на вистината да спомнеме дека вградено е едно решение кое што нема шанса да се оствари дека пензиите можат дополнително да се усогласуваат односно да растат доколку БДП на земјата надмине 4 проценти ова како што гледаме е нереално затоа што ниту она што го видовме изминативе две години ниту она што го предвидува самата влада, а и меѓународните финансиски институции не покажува дека постои шанса да се оствари БДП во Република Македонија над 4 отсто и тоа ќе остане само празна надеж односно празно ветување, рече Славески.
Вели дека ова е удар врз животниот стандард на пензионерите уште од една дополнителна причина.
„ Имено пензионерите како сите ние користиме услуги кои се во делот на сивата економија за поправка на домовите некои водоинсталаторски услуги електричарски услуги и така натаму кои статистиката не може да ги опфати се вршат единствено проценки, но тие и тоа како се зголемени цените од познати причини во последниве неколку години и оттука ова решение е неправедно и идната Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени ова законско решение кое е на штета на пензионерите и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита и подобрување на нивниот животен стандард, рече Славески
