Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славески вели дека е нереално минималецот да биде 18.000 денари

Славески вели дека е нереално минималецот да биде 18.000 денари

Екс министерот за финансии Трајко Славески,  вели дека барањата на ССМ за зголемување на минималецот на 18.000 е неоправдано и нереално.

Тој во изјава за „ТВ 24“ вести го кажа своето мислење. 

„Ова што го бара Синдикатот се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“, вели Славески.

Преговорите утре продолжуваат, а ССМ ќе протестира. Ако не се исполни барањето за повисока минимална плата, ќе има генерален штрајк. 

Слично

Поврзани вести