Славески: Пратениците го крадат буџетот кога фиктивно покажуваат сметки за патни трошоци
Екс министерот Трајко Славески вели дека кога си дал оставка тоа го направил од принципиелни причини, си создал многу непријатели во Владата и парламентот. Во изјава за емисијата „Економски Магазин“ вели дека како министер трпел многу притисоци.
„Уште од првиот ден си создавав непријатели во Владата, во Парламентот настапувајќи од принципелни позиции. Знаете, ако на пратениците им кажете дека го крадат буџетот кога фиктивно покажуваат сметки за патни трошоци, нешто што и денес не е решено и е актуелно, а јас се борев со тоа цела година, нешто постигнавме, нешто не.
Понатаму, ако не попуштате и не правите концесии и услуги на разни притисоци на една или друга страна, од ден на ден имате непријатели кои што преку разни канали создаваат ситуација да не можете да ја остварувате нормално својата активност и тогаш е веројатно прилика достоинствено да си заминете“ вели поранешниот министер за финансии Трајко Славески. Тој гостуваше во „Економски магазин“ на Алсат-М на тема “Рамен или прогресивен данок“
Слично
