Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славески: Авионските билети поскапеа енормно во декември и влијаеа на зголемување на инфлацијата

Славески: Авионските билети поскапеа енормно во декември и влијаеа на зголемување на инфлацијата

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во објава на социјалната мрежа Х („Твитер“), коментирајќи го растот на месечната инфлација во декември 2025 година, во споредба со ноември, кој изнесува 0,4 проценти, објави дека тоа се должи исклучиво на категоријата транспорт, каде што цените во истиот период пораснале за 5,8 проценти.

Славески посочува дека ваквото движење е невообичаено со оглед на стабилните цени на горивата и непроменетите цени во јавниот превоз. Според структурата на индексот, клучен фактор за растот е енормното зголемување на цените на авионскиот превоз, кои во декември минатата година пораснале дури 42 процента. 

Доколку од пресметката на индексот на цени за декември 2025 година се изостави транспортот, односно авионскиот превоз како целосно странска компонента, месечната инфлација во однос на претходниот месец би изнесувала точно 0,0 проценти, наведува гувернерот.

Индексот на трошоците на живот во 2025 година во однос на 2024 бележи пораст од 4,1 проценти, а индексот на цените на мало од 3,6  проценти.

 
Во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година намалување на трошоците на животот има во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0,4  проценти и Облека и обувки за 0,2 проценти, а во Образование и Комуникации останале на исто ниво како и во претходниот месец.


Слично

Поврзани вести