Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛАТКО ОД ДУЊИ, КАФЕ И ЧАШКА РАКИЈА-РЕЦЕПТ ЗА СИЛЕН ИМУНИТЕТ: Пулмологот Несторовиќ со совет во негов стил

СЛАТКО ОД ДУЊИ, КАФЕ И ЧАШКА РАКИЈА-РЕЦЕПТ ЗА СИЛЕН ИМУНИТЕТ: Пулмологот Несторовиќ со совет во негов стил

Говорејќи за актуелната ситуација со коронавирусот, како гостин во  утринска ТВ -емисија, српскиот пулмогог д -р Несторовиќ, покрај коментар за вакцините, даде и негова препорака за јакнење на имунитетот.

-За имунитет, најдобри е слатко од дуњи, кафе и ракија, тоа е мојот рецепт. Пијам по една чашка ракија секое утро после кафето, рече д -р Несторовиќ, во негов шеговит стил.

Несторовиќ вели дека најголем број пациенти заразени со ковид починале од згрутчување на крвта, иако не е јасно како вирусот го предизвикува тоа.

- Многу малку обдукции досега се правени, но неколку од нив покажуваат дека најголем број пациенти починале од згрутчување на крвта, а не е јасно како вирусот предизвикува згрутчување на крвта. Сепак, аспиринот е за превенција, повозрасните треба да го пијат, вели д-р Несторовиќ.


Слично

Поврзани вести