Слаѓана и нејзините деца добија кров над глава и парична помош од државата
Слаѓана Влајковиќ и нејзините две малолетни деца добија кров над глава, јавува Канал 5 телевизија. Општина Чучер Сандево ќе ја плаќа киријата, а ќе им биде обезбедена и храна. Од државата, Слаѓана ќе добие само парична помош.
Оваа мајка на две малолетни деца две недели талкаше по скопските улици, откако невенчаниот сопруг ја напуштил, свекрвата ја избркала, а таткото не ја примил во родниот дом, барајќи од неа да ги однесе децата во дом. Слаѓана и децата две ноќи спиеја во „Меѓаши“.
Слично
