Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слабото евро им помага на Германците

Слабото евро им помага на Германците

Индустриското производство на Германија за јануари пораснало за 0,6 одсто, петти месец по ред, благодарение на силните градежни активности.

Како што соопштила германската федерална канцеларија за статистика, индустриското производство во декември пораснало за еден одсто, по што се ревидентирани податоците на првото соопштение за раст на индустриското производство од 0,1 одсто, пренесува АП.

Активностите во градежниот сектор праснале во јануари за пет одсто, додека производството на инвестициската роба, како што се индустриските машини, пораснала за 0,5 одсто.

Економијата на Германија е најголемата во Европа, и е во добра форма благодарение на силниот домашен пазар и на слабото евро кое би требало да им помогне на извозниците, оценува американсака агенција.

Слично

Поврзани вести