Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слабиот долар ја повлекува нафтата нагоре

Слабиот долар ја повлекува нафтата нагоре

Цените на нафтата се зголемуваат за 1% во понеделникот, поддржани од слабиот долар, соопштува Reuters.

Истовремено зголемената активност на ископување во САД ги потхранува стравувањата дека глобалната презаситеност ќе продолжи да доминира на пазарите и покрај напорите на ОПЕК за намалување на родот.

Американската лесна сурова нафта WTI поскапува со 1,26% до 43,55 долари за барел, а европскиот репер Брент бележи раст од 1,20% до 46,30 долари за барел до 10:10 часот.

Според голем број аналитичари цените се зголемуваат, бидејќи инвеститорите ги покриваат кратките позиции, но пак нема фундаментални вести кои го поддржуваат подемот.

Доларскиот индекс останува на ниско ниво во понеделникот. Послабата американска валута ја прави нафтата подостапна за носителите на други валути.

Слично

Поврзани вести