Слабеењето на доларот ги поттикнува цените на нафтата
Доларскиот индекс за кратко се намали под 100 поени за прв пат од средината на ноември 2016 година.
Слабиот долар помогна за зголемување на цените на нафтата за време на азиската трговија. Доларски индекс се намали под 100 поени за прв пат од средината на ноември 2016 година, но потоа се врати над оваа граница, посочува Investing.com.
Нафтата е деноминирана во долари, па слабата валута е од корист на клучни купувачи како Кина и Индија.
Американската лесна сурова нафта WTI поскапува со 0,70% до 53,12 долари за барел до 9:45 часот, а цената на европскиот репер Брент се зголемува со 0,67% до 55,60 долари за барел.
Претседателот на САД, Доналд Трамп се сретна со директорите на индустриските компании и уште еднаш вети дека ќе наметне данок на компаниите кои увезуваат производи од странство.
