Слабее руската економија - имаат пад од 5 отсто
Паѓа руската економија. Таа се намали за пет отсто во септември во споредба со истиот месец лани, што е за цел процент посилно од август, покажаа денеска податоците на руското Министерство за економија.
Санкциите од западните земји и последиците од испраќањето на десетици илјади руски војници во Украина во февруари ја турнаа економијата во рецесија, но Москва вели дека Западот не успеал да ја уништи руската економија. Економистите предвидуваа двоцифрен пад на активноста на руската економија во 2022 година, потсетува Ројтерс.
Според Министерството, руската економија се намалила за 4,4 отсто во третиот квартал во споредба со истиот период во 2021 година. Од руската централна банка предупредија дека распоредувањето на 300.000 резервисти во Украина како дел од „делумна мобилизација“ може да и наштети на економијата со намалување на побарувачката, повлекување на работниците од работната сила и слабеење на довербата на потрошувачите, наведува Ројтерс. Во март месец вредноста на руската валута рубљата се намали драстично, потоа се врати во нормала, а неодамна пак имаше пад.
foto freepik.com
