Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слабата побарувачка ги загрижи менаџерите

Слабата побарувачка ги загрижи менаџерите
Се влошуваат очекувањата на менаџерите на компаниите од преработувачката индуструја, а загриженост има и во однос на нарачките. Според податоците од Државниот завод за статистика, економската состојба на деловните субјекти во јули е понеповолна во однос на претходниот месец, но и во однос на јули 2012 година. Раководителите подрврдиле дека се влошила обезбеденоста на производството со порачки споредено со минатиот месец. Оттука, обемот на производството во јули е понеповолен во однос на претходниот месец, исто како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци. Единствено очекувањата за бројот на вработените се поповолни. Во однос на залихите на суровини и репроматеријали, состојбата е вообичаена, а просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2013 година изнесува 59.6% од нормалното искористување. Според статистика, главни фактори за ограничувањето на обемот на производство во јули се слабата странска побарувачка со 25.0% и домашна побарувачка со 19.1%, потоа финансиските проблеми со 11.4% и неизвесното економско опкружување со 9.3%.  
Слично

Поврзани вести