Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скурлетис: Не треба ни ние да имаме ирендентизам

Скурлетис: Не треба ни ние да имаме ирендентизам

Панос Скурлетис, еден од најистакнатите членови на Сириза и министер за внатрешни работи на Грција, упати директни пораки до неговиот колега Каменос, министерот за одбрана и предводник на партијата Независни Грци да ја поддржи официјалната позиција на грчката влада што е негова обврска. 

„Како министер за одбрана, тој има должност да ја брани едната и единствена позиција која ја претставува владата“, посочи  Скурлетис во интервју за Антена ТВ.

Бидејќи ова не е прашање од дневната политика туку е проблем кој ја измачува Грција веќе 25 години, Скурлетис смета дека сите политички партии кои се дел од владата треба да работат заедно за решавање на спорот.

„Реакции и протести го поткопуваат процесот на преговори. Ако ние не сакаме другата страна да има ирендетистички тендензциии, тогаш не треба да имаме ни ние“ рече Скурлетис за протестите во Солун. 


Слично

Поврзани вести