СКСМ: Претседателот Азески брзо закрепнува
-Стопанската комора информира дека претседателот на оваа институција, Бранко Азески е на лекување во странство, но е во добра здравствена состојба и се очекува многу брзо да се врати на работните обврски.
-Поради шпекулациите кои се појавија во јавноста,Стопанската комора на Северна Македонија ве известува дека претседателот на СКСМ Бранко Азески моментално се наоѓа во странство на санација на акутна реакција од хронична болест од која боледува повеќе години. Претседателот Азески е во добра здравствената состојба и е во процес на брзо закрепнување. Се очекува да се врати на работните обврски во најскоро можно време, се наведува во соопштението на СКСМ.
Слично
