Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скршена плочата за Мара Бунева, полицијата изврши увид

Скршена плочата за Мара Бунева, полицијата изврши увид
Непознати сторители во текот на ноќта го уништија спомен обележјето поставено во чест на тетовката Мара Бунева, кое вчера го поставија стотина граѓани од бугарски здруженија во Македонија, кои се декларираат како етнички Бугари. Полицијата излезе на терен за да изврши увид на местото на настанот. Спомен плочата на кејот на Вардар беше поставена вчера под силно полициско обезбедување и со скандирање на паролите „Б’лгари јунаци“. Се одржа и панихида во чест на Бунева која пред 86 години извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ по што се самоубила. Но, на спротивната страна од реката Вардар се одржаа и контра протести на македонски граѓани кои не се согласуваат со ваквото одбележување. Тие поставија транспарент со порака до организаторите ,,Немате свои херои – славите туѓи“. Проблемот со ликот на Мара Бунева е во различното толкување на тоа дали таа дејствувала за македонската или за бугарската кауза. Бугарски здруженија речиси секоја година поставуваат спомен плоча во нејзина чест на кејот на Вардар, но таа секогаш следниот ден завршува уништена.    
Слично

Поврзани вести