Скромниот живот на најбогатиот човек на планетата
Амансио Ортега со над 78.1 милијарди долари е новиот најбогат човек на планетата и од врвот успеа да го симне и Бил Гејтс, сопственикот на Microsoft. Сепак, и покрај огромното богатство Ортега води многу скромен живот и секој ден пие кафе со вработените во неговата компанија Индитекс која стои зад синџирот за продажба на облека Зара.
Ортега иако се повлече од извршната директорска позиција на Индитекс секој ден патува околу 15 километри до седиштетот каде често заедно јаде со вработените, постојано е активен со дизајнерите, а ги пречекува и купувачите и клиентите. Тоа што има премногу пари воопшто не може да се забележи кај Ортега кој посветено и на 79 години се уште работи за да ја унапредува својата фирма.
Слично
