Скромни пари за државата од конфискување на криминалниот имот
Агенцијата за управување со одземен имот продала конфискувани стоки од само 7 милиони денари во 2017-та, а како приход конфискувала финансиски средства со посебни прописи од 20,2 милиони денари истата година, што може да се заклучи како скромен ефект на најавеното враќање на парите од криминалот, според последниот ревизорски извештај кој го објави оваа владина институција.
Споредено со една година претходно, првиот приход е двојно помал, а вториот е четири пати помалку. Може да се заклучи дека делот од финансискиот ефект е мошне скромен, додека материјалните отстапувања кон другите органи во вид на автомобили, опрема, градежни објекти итн. е непознат. Агенцијата во државниот буџет во 2017-та уплатила само 20 милиони денари, што е дури пет и пол пати помалку од ланскиот период од претходно кога средствата изнесувале 110 милиони денари.
Агенцијата не извршила финансиски попис на стоки во вредност од 36 милиони денари и недвижнини од 210 милиони од кои еден дел се под хипотеки и не может да се продадат, а има и запленети акции од 87 милиони чија вредност е само номинална, додека реалната не е утврдена.
Продадено е за 43 милиони денари, но не е прецизирано кога средствата се уплатени во буџетот на Македонија. Побарувањата за наплата по судски пат се 2,63 милијарди денари, односно се зголемиле за 130 милиони денари во однос на една година претходно.
Агенцијата запленетите стоки ги чува во магацините во Тетово, Гевгелија и Идризово, а има и плац во Миладиновци.
Вистинскиот ефект од декларативните владини заложби за конфискација на „украдените пари“ треба да се види во извештајот за 2018-та година.
А.К.
