Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКРОМЕН РАСТ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Работиме за да преживееме

СКРОМЕН РАСТ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Работиме за да преживееме

За една година просечната плата пораснала 2,4% .

Во февруари 2017 година 1.3% биле без плата а оние кои добиле примања во просек земале нето плата 22 347 денари.

Најголем раст на просечната месечна исплатена  нето-плата по 
вработен статистиката бележи во секторите: Транспорт и складирање (11.9%), Информации и комуникации (6.0%) и Рударство и  вадење на камен (4.9%).

Пад на просечната месечна исплатена нето -плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8.1%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7.3%) и Рударство и вадење на камен  (5.4%).

Работиме за да преживееме

Најновите резултати од анализата на Институтот за економски истражувања „Финансе тинк“ покажаа дека за 78 отсто од населението во земјава платите или пензиите се главен извор на приходи.

Останатите преживуваат со помош на родителите, сопружниците, роднини од странство или од земјата а само една третина од населението ги задоволува сите потреби.

Дури 68 отсто од граѓаните на Македонија не можат да си дозволат најмалку еднаш годишно да одат на одмор или некое патување, а 68 отсто не можат да си дозволат да одат на кино или театар.

Слично

Поврзани вести