Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скромен раст на бројот на вработени во индустријата

Скромен раст на бројот на вработени во индустријата

Скромен раст од 1,7% на бројот на работниците во индустријата забележа во декември Државниот завод за статистика, во однос на истиот месец во 2014 година.

Најголем раст има во бројот на работниците во секторот Преработувачка индустрија од 2.0% додека  во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација нивото е исто.

Пад од 0.8% статистиката забележала  во секторот Рударство и вадење на камен.

Според главните индустриски групи, најголем пораст на бројот на работниците има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.5% и Капитални производи за 16.3%, а пад има кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.8%, Нетрајниа широка потрошувачка за 1.7% и Енергија за 0.5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари-декември 2015 година, во однос 2014 година истиот период, изнесува 101.8.

Слично

Поврзани вести