Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скромен раст на бројот на вработени во индустријата

Скромен раст на бројот на вработени во индустријата

Скромен раст од 1,2% на бројот на работниците во индустријата забележа во септември Државниот завод за статистика, во однос на истиот месец лани.

Во периодот јануари-септември 2015 во однос на истиот период од минатата година, растот изнесува 1,7  отсто.

Најголем раст има во бројот на работниците во секторот Преработувачка индустрија од 1.6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0.4%, а пад од 2.8% статистиката забележала  во секторот Рударство и вадење на камен.

Според главните индустриски групи, најголем пораст на бројот на работниците има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5% и Капитални производи за 16.8%, а пад има кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.6%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.8% и Енергија за 1.7%.

Слично

Поврзани вести