СКРОМЕН РАСТ НА БДП: До кога градежништвото ќе ја турка економијата?
Скромен раст бележи бруто домашиот производ во второто тромесечие годинава или 2.2%.
Податоците на статистика покажуваат дека градежништвото продолжува да ја тура економијата.
Во тој сектор е забележан најголем пораст о од 31.0%, додека стручните, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности, од 11,5 проценти, и финансиски дејности и дејности на осигурување од 4,9 проценти.
Државниот завод за статистика забележува номинален раст за 1.3% кај финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции.
Што се однесува до извозот на стоки и на услуги тој номинално се зголемил за 4,2 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 6,6 проценти.
Со оглед на политичката криза од која што државата полека излегува, она што загрижува е фактот што овој раст се темели главно на градежништвото, сметаат економистите и бизнисмените.
Посочуваат дека е потребно прехрамбената и преработувачката индустрија да бидат двигатели на економијата за да може да се смета дека економијата е стабилна и се движи во вистинска насока, а растот ќе можат да го почувствуваат и граѓаните.
Експертите сметаат дека слабоста на македонската економија е тоа што во земјава носeчка гранка што обезбедува повисока стапка на економски раст е градежништвото.
Домашната понуда на стоки и услуги треба да одговара на структурата на домашната побарувачка. А, доколку домашната економија не испорача нова вредност согласно потребите на домашната побарувачка, тогаш, во услови на слободен пазар, ќе доведе до зголемување на увозот на стоки и услуги за кои нема доволна домашна понуда.
