Скратено е времето на тргување на Берзата
Во согласност со барањето на Комисијата за работење со хартии од вредност при Македонската банкарска асоцијација, а поради скратеното работно време во банките/брокерските куќи и воведената забрана за движење после 16:00 часот во работните денови, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за времена промена на времето на тргување на Берзата.
Ќе се тргува почнувајќи од 09.04.2020 година, а времетраењето на тргувањето со хартии од вредност наместо до 14:00 часот ќе трае до 13:00 часот.
Соодветно на оваа измена направени се измени и прилагодувања на сите пропишани временски распореди во рамките на денот на тргување.
Слично
