Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро секое австриско домаќинство ќе добие помош за сметките за струја

Скоро секое австриско домаќинство ќе добие помош за сметките за струја

Домаќинствата во Австрија ќе добијат помош од државата, за трошоците за електрична енергија. 

Владата денеска усвои пакет помош за поддршка на граѓаните во услови на високи трошоци за електрична енергија.

„Речиси сите домаќинства ќе добијат еднократна исплата од 150 евра (167 долари)“, изјави во Виена канцеларот Карл Нехамер.

Околу 750.000 луѓе кои се наоѓаат во многу тешка финансиска ситуација ќе добијат плус уште 150 евра.

Во декември лани порастот на трошоците за енергија е околу 24 отсто во однос на истиот месец во 2020 година.

Австрија ќе ја суспендира паушалната стапка за зелена електрична енергија оваа година, со што на секое домаќинство ќе му заштеди околу 100 евра, а на просечно трговско претпријатие околу 67.000 евра. 

Светот го тресе енергетска криза. И во Шведска има големо зголемување на сметите за струја, а граѓаните бараат начини да ги намалат трошоците. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести